fbpx

Почнува теренска вакцинација и без закажување

Facebook
Twitter
LinkedIn

Ситуацијата со Ковид-19 е стабилна и дека нема потреба од воведување на нови мерки, потенцираше министерот за здравство Венко Филипче и најави дека во земјава започнува теренска вакцинација и вакцинирање без закажување.

Политиката на затворање се спроведуваше во периодот кога не беа достапни вакцините. Сега кога ги има и кога се достапни акцент треба да се стави на процесот на вакцинација. Гледаме дека и Англија, иако има нови случаи, се попуштаат мерките. Да не живееме затворени, туку да се вакцинираме масовно“, изјави Филипче.

Тој најави дека од понеделник почнува теренска вакцинација и вакцинирање на граѓаните без закажување. Според податоците на Министерството за здравство досега во земјава се аплицирани вкупно 652.680 дози вакцини, а ревакцинирани се над 243 илјади граѓани.

Последни вести