fbpx

Да не спиеше ВМРО-ДПМНЕ ќе знаеше дека вакцини пристигаат секој понеделник и дека досега се аплицирани околу 700.000 дози

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

ВМРО ДПМНЕ како што ги преспа, двата силни брана на Ковид 19, според тврдењето на нивниот лидер Мицкоски, продолжува да спие и за време на вакцинацијата на населението.

Да не спиеше ВМРО ДПМНЕ ќе знаеја дека 800.000 дози вакцини купени од производителот Фајзер, се испорачуваат во нашата земја од пред 5 месеци, и тоа секој понеделник.

Ако не беа на одмор ВМРО ДПМНЕ ќе знаеја дека 200.000 купени вакцини од кинескиот производител Синофарм, веќе се искористени за вакцинација на граѓаните. Да не спиеја ВМРО ДПМНЕ исто ќе знаеја дека од март почна испорака на вакцини кои ги купивме и преку Ковакс механизмот.

Ако ВМРО ДПМНЕ не хибернира ќе знаеја дека во тек е имунизција на граѓаните и со вакцини што ги купивме од производителот Синовак и тоа 500.000 дози вакцини. ВМРО ДПМНЕ нека продолжи да спие, во моментов во државата аплицирани се околу 700.000 дози вакцини.

Ако не спиеја ВМРО-ДПННЕ е знаеја дека во тек е теренска вакцинација и граѓаните можат да се вакцинираат и без термин затоа што благодарение на одлично поставениот систем на имунизација за скоро три месеци вакцинирани се сите граѓани кои беа пријавени да се вакцинираат.

Не очекуваме дека ВМРО ДПМНЕ ќе ги повика граѓаните да излезат и да се вакцинираат во што поголем број, затоа што на ВМРО ДПМНЕ единствено им е важно собирање ситни политички поени, а не здравјето на граѓаните.

Последни вести