fbpx

Сведочењата за 27 април докажуваат, Мицкоски со протести го брани криминалот, не смее да има амнестија за оние кои извршиле насилство

Facebook
Twitter
LinkedIn

Изјава за медиуми,
Костадин Костадинов, пратеник и портпарол на СДСМ
Скопје, 04.12.2018

Почитувани граѓани, почитувани новинари,

Сведочењата на дел од обвинетите за настаните од 27 април го откриваат монструозниот план што требало да се спроведе на брутален и крвав начин за да се спречи промената на власта откако граѓаните го поразија режимот.

Признанијата на лица кои биле дел од овој план, докажуваат дека настаните од 27 април не биле воопшто случајни. Напротив, станува збор за осмислен план за убиство на политичари, линч на новинари, пратеници, загрозување на општата безбедност и уривање на државниот поредок.

Неколку лица, директни учесници во таквиот план, вчера во транспарентната судска постапка, кажаа дека нарачател, организатор и помагач во овој монструозен план, биле структури под контрола на ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски сместени во највисоката безбедносна агенција – УБК како и Кабинетот на Ѓорге Иванов.

Исказите се за планирања напад со молотови коктели и упад во седиштето на ДИК, за палење на автомобили и имоти на тогашни пратеници од опозицијата, следење на новинари и јавни обвинители, делење оружје на насилници.
Структурите на ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски не бирале средства за да го задржат нивното криминално и антинародно владеење.

За сето тоа време, пионот Христијан Мицкоски е десна рака на Груевски, а на 27 април стоеше пред вратите на Собранието.

Ете зошто пионот Христијан Мицкоски бара целосна амнестија за сите инволвирани во настаните од 27 април.
Јасно е, Мицкоски по секоја цена се обидува да ги спаси од одговорност неговите соработници и соработниците на Никола Груевски.

Затоа Мицкоски организира протести за одбрана на криминалот и насилството на Никола Груевски. Тоа е неговиот вистински мотив.

Почитувани,
Последните искази на обвинетите докажуваат зошто не смее да има амнестија за нарачателите, и извршителите на насилство на 27 април.

Ова е уште една потврда дека треба да се направи разлика помеѓу оние кои организирале, нарачале и извршиле насилство и оние кои не извршиле насилство и биле заведени.

Последни вести