Прес-конференција, Бисера Костадиновска Стојчевска, пратеничка на СДСМ
Почитувани,
СДСМ продолжува со вистинска грижа за најранливите категории, продолжува со унапредување на системот за социјална заштита.
Усвоени се измените на Законот за социјална заштита, со кои границата за лична асистенција се спушта од 18 на 6 години.
Секое дете со потешка и најтешка физичка попреченост или потполно слепо дете ќе може да добие личен асистент веќе со навршени шест години.
На овој начин ќе се овозможи индивидуална помош и поддршка и на децата за вршење на секојдневни активности и тоа заради пристап до образовните институции, центрите за рехабилитација и вклучување во заедницата, активности кои дете без попреченост вообичаено ги врши без поддршка.
Со овие законски измени се очекува 200 деца да добијат услуга на лична асистенција и тоа од 80 часа во текот на еден месец.
Го поттикнуваме личниот и образовниот развој на децата и им помагаме на родителите во секојдневната грижа за нив.
За нас, детската и социјалната заштита се врвен приоритет.
Затоа носиме решенија кои го олеснуваат животот на граѓаните, но и обезбедуваат еднакви шанси за личен и образовен развој на секое дете.
Како партија посветена на интересите на граѓаните, продолжуваме да ги следиме нивните потреби и барање и да носиме мерки и политики што го унапредуваат нивниот квалитет на живот.