fbpx

Владата предлага еколошка такса во вистински момент – Регулаторната комисија ги намали акцизите за 2 денари

Facebook
Twitter
LinkedIn

Од 19 јули стапува на сила одлуката на Регулаторната комисија за намалување на акцизите за нафтените деривати за 2 денари. Ваквата одлука ги потврдува исправните политики на Владата за навремено воведување еколошка такса која ќе овозможи ефективно спроведување на „зелената агенда“ во чиј фокус се обновливите извори на енергија.

Владата предводена од премиерот Зоран Заев и СДСМ останува силно посветена на инвестиции во еколошки, обновливи извори на енергија. Во таа насока, еколошките такси се неизбежен дел од политиките за здрава и чиста животна средина. Преку нив се поттикнува употребата на поеколошки енергенси во секојдневието, а во исто време се собираат средства за зелени инвестиции кои потоа имаат повеќекратен и долгорочен ефект за економијата. Зелената такса се воведува во време кога се укинува дополнителната акциза која беше воведена тогаш кога цената на нафтата беше најниска. Важно е да се потенцира дека висината на еколошката такса се разликува од дериват до дериват и дека највисоката такса се планира за деривати кои најмногу ја загадуваат животната средина, како што се бензинот, дизелот, екстра лесното масло и мазутот, за кои е предвидено таксата да изнесува 3,5 денари по литар, додека за безоловниот бензин таксата да изнесува 3,1 денар.“

Економските проекции укажуваат дека по овој основ во државниот Буџет ќе се обезбедат меѓу 50 и 55 милиони евра, средства кои ќе се користат за нови зелени проекти, инвестиции во обновливи извори на енергија, во енергетска ефикасност и сл. Борбата против загадувањето на амбиенталниот воздух има финансиски оптоварувања, но не смееме да заборавиме дека штетните последици врз здравјето на луѓето е многу поскапо.

Последни вести