fbpx

Договорот од Преспа ги потврди македонскиот јазик и идентитет според Нимиц

Facebook
Twitter
LinkedIn

Посебноста на македонскиот јазик е светски призната и потврдена во Обединетите нации – вели во интервју поранешниот медијатор за спорот со името Метју Нимиц, додавајќи дека Договорот од Преспа не ги спори македонскиот јазик и идентитет. Нимиц оценува дека Договорот со Грција, кој ги отвори вратите на евроатлантските интеграции, генерално добро се спроведува од двете страни.

Преспанскиот договор не се осврнува на јазикот, не го користи зборот идентитет бидејќи тоа не е правен збор. Македонскиот јазик е прифатен одамна и ширум светот, луѓето знаат дека македонски јазик постои. Спорот со Грција не беше воопшто за јазикот, туку за името на јазикот. Со други зборови, грчката страна немаше проблем што имате убав јазик, посебен јазик“ вели Нимиц.

Според амбасадорот Нимиц не е потребна медијација за надминување на недоразбирањата меѓу Скопје и Софија, туку двете страни треба самите да го решат прашањето.

Медијација или решение со Бугарија не би требало да трае 20 години, не би требало да трае ниту 20 месеци, според мене. Но, двете држави треба тоа сами да го решат. Дали им е потребен медијатор или не, треба да одлучат самите“, заклучува Нимиц.

Последни вести