fbpx

Поставени првите вендинг машини за рециклирање отпад – „зелени поени“ за пазарање и плаќање за секоја вратена амбалажа

Facebook
Twitter
LinkedIn

Машини за враќање на амбалажен отпад кои се тренд во светот, сега се поставуваат и во земјава. Граѓаните во овие машини ќе може го одложуваат амбалажниот отпад, а за возврат да добиваат „зелени поени“ кои можат да ги искористат за купување производи, како и за плаќање на општински и јавни услуги.

Првите машини се поставени во маркетите на ВЕРО во Скопје, со што ќе се стимулира поеколошко пакување и поврат на амбалажите преку финансискиот поттик за граѓаните за одговорно однесување и намалување на количините отпад што завршуваат на депониите.

Машината е македонски производ изработена од Факултетот за електротехника и информациски технологии и Фондот за иновации.

Последни вести