Соопштение за јавност
СДСМ креира и реализира политики проекти скроени за младите, да можат иднината да ја гледаат дома, а не во странство, креира родово балансирани политики за еднакви можности на младите и жените, истакна потпретседателката на СДММ Марија Иванова на трибината во организација на Форумот на жени на СДСМ, под мотото „Активни жени – напредно општество“ во Дојран.
Таа нагласи дека парламентарно мнозинство предводено од СДСМ го донесе Законот за младинско учество и младински политики кој има важна улога во унапредувањето на квалитетот на живот на младите, формира Национално советодавно тело за младински политики.
СДСМ преку институциите што ги предводи носи важни решенија за граѓаните, за жените и младите, а честопати дел од тие решенија доаѓаат по предлог на СДММ, нагласи Иванова, додавајќи дека последен пример е иницијативата што СДММ за намалување на ДДВ на производите за менструално здравје од 18 на 5 отсто.
Во однос на младите, СДММ поднесе, а Собранието ги усвои законските измени со кои 40.000 редовни студенти добиваат по 2.400 денари месечно за субвенциониран студентски оброк со можност за искористување кај секој трговец, со што се унапредува економскиот стандард на студентите, нагласи Иванова.
Таа истакна дека преку низата мерки, преку привлекување странски инвестции, преку државна помош и активните мерки за вработување, ја намалуваме невработеноста како кај младите, така и кај жените.
Преку директна помош кон младите даваме поддршка за самовработување и отварање на сопствен бизнис – неповратни средства од 5.000 до 15.000 евра за отварање на сопствен бизнис за млади и жени, тука е континуираната поддршка преку ФИТР за старапи и развој на бизниси, како и преку Оперативниот план за вработување, нагласи Иванова
Таа подвлече дека младите го препознаваат најдоброто, и не случајно 30 отсто од новите членови кои се приклучија во СДСМ се млади луѓе, мотивирани и подготвени да работат за добро на државата.
Пред нас се бројни предизвици, но само со активни жени, со активни млади можеме да ги надминеме и да ги подобриме условите за живот, европските стандарди да ги донесеме дома, порача потпретседателката на СДММ Марија Иванова на трибината во организација на Форумот на жени на СДСМ, под мотото „Активни жени – напредно општество“.