Соопштение за јавност
Ако сакаме да постигнеме некакви промени во општеството, треба да се активираат жените и тоа го докажаа сите претставнички и членки на Форумот на жените на СДСМ, со својата посветена работа, пожртвуваност и креативност, истакна потпретседателот на СДСМ Венко Филипче на трибината под мотото „Активни жени – Напредно општество“, во Дојран.
Филипче се осврна на постигнатото во изминатите години за изнаоѓање на конкретни решенија за проблемите на граѓаните, за решавање на напластените проблеми во државата, за враќање на парите на граѓаните, зголемување на платите, зголемување на социјалната помош за 300%, отворање болници, па и во време на пандемија.
Тој истакна дека заедно со пратеничките го сменивме најсмешниот закон што постоеше во Европа, законот за премин на бременоста, ја ставивме волјата на жената на прво место, отворивме центри за насилство врз жените, кои доаѓаа во ургентно и не сакаа да признаат дека се жртви на насилство, се додека не обезбедивме механизам за препознавање и соодветен третман.
Платите на лекарите специјалисти се дуплирани, огромен број млади лекари не ја гледаат иднината во странство, сакаат да работат тука, во болниците, во кои се инвестира, се купува нова опрема, истакна Филипче, додавајќи дека се направени 16 нови болници.
Хероите, односно хероините на пандемијата се докторите од кои 50 проценти се жени, и медицинските сестри од кои 95 проценти се жени, нагласи Филипче.
Тој упати апел до сите да се вакцинираат, бидејќи тоа е единствениот начин, со кој можеме да ставиме крај на пандемијата.
Во нашето општество, во кое има многу делови и сегменти, само еден сегмент е идеален, а тоа се жените, затоа треба да се вклучени во сите процеси, во сите институции, во што поголем број, зашто веќе видовме, а вие докажавте, дека статусот на жените е всушност статусот на демократијата во нашата земја. Да работиме заедно и понатаму да ја унапредуваме, порача потпретседателот на СДСМ Венко Филипче на трибината под мотото „Активни жени – Напредно општество“.