Соопштение за јавност
Функционери на ВМРО-ДПМНЕ продолжуваат со незрело и несериозно однесување, опасно за здравето и масовно ги прекршуваат мерките и задолженијата за заштита од коронавирусот.
Претседателот на ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп Петар Ристески, веројатно инспириран од својот шеф Христијан Мицкоски, вчера ги прекшрил забраните за масовни собири.
Ристески со поголем група луѓе, без дистанца и без никаква заштитна опрема тера партиска агенда, додека неговата партија секојдневно глуми загриженост за здравјето на граѓаните.
Класично лицемерно однесување на антинародното ВМРО-ДПМНЕ, глуми загриженост за здравјето на граѓаните а нивни фунцкионери од Мицкоски па надолу секојдневно ги кршат мерките и забраните и го загрозуваат јавното здравје.
Ваквиот несериозен, неодговорен и опасен однос на ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш ќе биде казнет од граѓаните