fbpx

ВМРО-ДПМНЕ нема допир со реалноста, ОБСЕ веќе потврди дека ќе ги набљудува изборите

Facebook
Twitter
LinkedIn

Реакција на изнесени ставови на Иванка Василевска од ВМРО-ДПМНЕ

 

 

 

 

 

ВМРО-ДПМНЕ нема допир со реалноста, ОБСЕ веќе потврди дека ќе ги набљудува изборите

ВМРО-ДПМНЕ во очаен обид за собирање евтини политички поени и избегнување на изборите, сега се обидува да ги манипулира граѓаните дека изборите нема на да ги набљудуваат меѓународни набљудувачи.

ВМРО-ДПМНЕ и Иванка Василевска немаат допир со реалноста, ОБСЕ веќе потврди дека ќе ги мониторира изборите.

Избори со набљудувачка мисија се избори за доброто на народот и државата, изборите се потребни за формирање функционални институции, кои ќе им служат на граѓаните со полн капацитет.

Државата веќе шест месеци нема активен парламент, институциите се изјаснија дека нема потреба од продолжување на вонредната состојба, само ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски, соочени со пораз на изборите упорно се обидуваат да ја држат државата во заложништво без целосно функционални институции.

Последни вести