fbpx

Заев: Се гради како никогаш досега низ сите региони во нашата држава

Facebook
Twitter
LinkedIn

Почитувани граѓани,

Развојот и унапредувањето на инфраструктурата е врвен приоритет за СДСМ и Владата што ја предводи.

Во овие три години инвестиравме во развој на патната инфраструктура низ целата држава. Се гради како никогаш досега низ сите региони во нашата држава.

Овде, во струмичкиот регион каде што сме денеска, реализирани се сериозни инвестиции во подобрување на патната инфраструктура. Со тоа, влијаеме на локалниот економскиот развој, но и ги подобруваме условите за живот на сите граѓани од овој регион.

Го рехабилитиравме регионалниот пат Струмица – Берово, Струмичкото поле и Малешевскиот регион сега се подобро поврзани.

Со 1,6 милиони евра рехабилитиран е и патот Струмица – Ново село кој е важен за подобра поврзаност со нашиот сосед Република Бугарија.

Покрај овие значајни патни правци, се работеше и на унапредување и модернизација на другите регионални патишта како регионалниот пат Василево – Добрејци, транзитот низ село Куклиш, влезот во Струмица и други.

Почитувани,

Никогаш претходно во Струмица не се градело толку како што е случај сега. Цела деценија Струмица и нејзиниот регион беа игнорирани и запоставени од страна на централната власт.

Се што правевме, правевме со сопствени ресурси и сопствени капацитети. Денес, Струмица и овој наш преубав регион имаат силна поддршка од централните институции. Денес, во Струмица се инвестира и во патишта и во водоводи, во канализациски мрежи, се градат градинки и спортски сали.

Почитувани сограѓани,

Сега, во период на кризата со коронавирусот, сите гледаме колку е важно инвестирањето во инфраструктурата и јавните сервиси.

Затоа, како одговорна партија, продолжуваме да инвестираме во инфраструктурата, во она што е важни за нашите граѓани. Градиме за да ни се развиваат селата, за градовите да станат што почисти, градиме за да обезбедиме мирно и безбедно детство на нашите деца.

Остануваме посветени на интересите на граѓаните и продолжуваме да инвестираме во инфраструктурата низ целата држава. Парите се од граѓаните и за граѓаните. Продолжуваме уште посилно и уште похрабро напред.

Последни вести