Соопштение за јавност
5 јули е датумот кога треба да се одржат изборите и тоа утврдено со Уставот и законите кои мора да се почитуваат, порача претседателот Зоран Заев во вечерашното издание на емисијата „Клик плус“ на Телевизија 21.
– Во ситуација кога не е можен договор, мора да се водиме од Уставот и законите. Ако политичарите најдат заедничко решение, како што имало ситуација и претходно, се наоѓале механизми за да се реализираат тие решенија, но во ситуција кога договор нема, не постигнат договор за некакво решение, тогаш мора да се почитуваат Уставот и законите. Нема да дозволам некој да ги крши Уставот и законите, порача Заев.
Претседателот Заев посочи дека на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски им е јасно дека ќе ги изгубат изборите и затоа бегаат од изборно соочување.
– Опозицијата не покажа став за сите важни прашања, ним би им одговарало ваква неизвеснот, да пливаат во матно и изборите постојано да се одлагаат, но знаат дека бројките, рејтинзите не можат да ги променат, народот има став за сите нас. Опозицијата треба прва да бара избори, за да има политичка влада и одговорност, да презема чекори. Здраво е за државата, за здравството, за економијата да имаме политичка влада која ќе сноси полна одговорност пред граѓаните, порача претседателот Заев.