fbpx

Царовска: Навремени беа и здравствените и економските мерки, за три месеци имаме три пакети економски мерки кои веќе се реализираат

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

Она што го имавме на почетокот како ниски бројки, во моменти кога не тестиравме асимптоматски случаи тоа е благодарение на навременото воведување на здравствените мерки и ширењето на вирусот. Така навремено беа донесени и економските мерки. За само три месеци имаме донесено три пакети. Првиот се имплементира и е завршен, вториот се сега се имплементира и третиот веќе се става на располагање се со цел да ја потикне економијата.-истакна потпретседателката на СДСМ, Мила Царовска во емисијата „Отворено“ на ТВ 24.

Таа посочи дека првите два пакета беа наменети за санирање на сите штети кои ги донесе кризата, а третиот е развоен и дава стимул и на личната потрошувачка односно стимулирање на граѓаните да ги посетуваат домашните туристички места односно да му помогнеме на домашниот туризам.

Царовска истакна дека сите мерки како субвенционирањето на плати, бескаматни кредити и други мерки беа направени во соработка со синдикатите, стопанските комори, работодавачите. Како и дека промените во некои од мерките биле направени исклучиво со цел да се опфатат повеќе погодени граѓани и компании. Преку сведување на ризикот на минимум, да нема големи отпуштања и затварање на компании .

Таа посочи дека сега кога повторно сите оние правни објекти кои беа затворени, а сега се отворени, мора да работат по нови стандарди. Да се почитуваат мерките и протоколите , да се заштитат и работниците и граѓаните, за да немаме повторно ситуација да мора пак да ги затвориме.

Во однос на солидарноста во време на криза , Царовска го потврди ставот на СДСМ , а тоа веќе јавноста го знае , откажување на дел од платите до минимална плата на функционерите на СДСМ, како и предлогот на откажување од парите наменети за партиите од државата.

Таа на крајот апелираше до сите засегнати страни да се одлучат на ваков чекор, да се одлучат на солидарност со цел полесно и подобро справување со коронакризата.

Последни вести