Прес-конференција, Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ
Почитувана јавност,
Лажните вести, деструкциите и прекршувањата на мерките од страна на ВМРО-ДПМНЕ не се ниту случајни ниту инцидентни, туку тоа е свесно дејствување против здравјето и интересите на граѓаните.
Од самиот почеток на здравствената криза јавноста е сведок на самоволие на непочитување прописи и на смислено ширење лажни вести од страна на функционери на ВМРО-ДПМНЕ.
На 03 април Христијан Мицкоски се обиде да создаде паника и кажа дека државата имала само уште 100 тестови за коронавирус. Оттогаш тестирани се десетици илјади граѓани, а заклучно со вчерашниот ден вкупно тестирани се над 38.000 граѓани.
На 15 април Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ лажеа дека 140.000 граѓани останале без работа заради коронавирусот, а официјалните податоци покажаа дека тој број е далеку помал и инесуваше нешто над 8.000 граѓани.
Но освен што шират лажни вести Мицкоски и функционерите на ВМРО-ДПМНЕ ги прекршуваат мерките и задолженијата за заштита од коронавирусот, но и ги злоупотребуваат институциите за свои партиски цели.
На 25 април се појави фамозната снимка на која се гледа како Мицкоски влегува во теретана која не смее да работи во придружба на припадници на МВР а некои од нив носат заштитни ракавици.
Три дена подоцна Наќе Чулев набрзина ја прогласува истрагата затворена, вели дека снимките се стари, а за ракавиците вели дека тоа не се ракавици туку отсјај од светлината.
И додека со судни маки се обидува да го спаси својот шеф Мицкоски, Чулев ја злоупотребува полицијата за да врши упади во невладини организации.
На 29 април структури на Чулев упаднаа на приватен имот во хуманитарно здруженија кое донираше хуманитарни пакети за социјално загрозени семејства низ целата држава.
Цела вечер структури на Чулев малтретираа и носеа во полициска станица млади волонтери кои ја пакуваа помошта.
На 4 мај во вонредна состојба и полициски час Чулев ангажира 50 полицајци за снимање на пропаганден спот.
На 7 мај Чулев јавно на медиум изјави дека полицијата нема да ги казнува оние кои ќе ги прекршуваат мерките и забраните.
Веднаш, уште истиот ден како и денови и денови подоцна јавноста беше сведок на масовни прекршувања на забраните за собири, на забраните за движење додека полицијата на Чулев не презема ништо и стои отстрана.
Истовремено, Мицкоски јавно излегува и вели дека нема потреба од никакви забрани за движење, нема потреба од полициски часови.
На 2 јуни седум полицајци блиски до Чулев ги прекршуваат мерките за собири, организираат забава и даваат отпор при апсење од нивни колеги.
Ден подоцна, Мицкоски ги прекрши забраните и седел во дел од ресторан кој е забрането да работи правдајќи се дека не ги знаел доволно протоколите. Два часа структури на Чулев се обиделе да го спасат Мицкоски од одговорност.
Почитувани,
Ова е само мал дел од незрелото, несериозно но и опасно однесување на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ кои немаат намера да излезат од режимската матрица.
Лажни вести, прекршувања на мерките и забраните, злоупотреби на институции, тоа е се што гледаат граѓаните од ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски.
Но граѓаните повторно ќе го поразат режимското однесување на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ. Режим – никогаш повеќе.