Изјава за медиуми, Сузана Трпковска, претседателка на Форумот на жени на ОО СДСМ Гази Баба
Почитувани граѓанки и граѓани,
Локалната власт во општина Гази Баба предводена од СДСМ заедно со централната власт постојано вложуваат и инвестираат во раниот детски развој, бидејќи за нас грижата за најмладите е врвен приоритет.
Токму во таа насока е изградбата на новата модерна детска градинка „Пеперутка“ во Стајковци.
Оваа градинка која е со најсовремени услови за предучилишно згрижување и воспитание се простира на површина од 1.230 квадратни метри, која е енергетски ефикасна и има капацитет да прими повеќе од 140 дечиња.
Градинката содржи шест занимални и две јасли групи, а исто така е направено и партерно и хортикултурно уредување со урбана опрема за рекреација на децата, како и сопствен паркинг простор.
Изградбата на оваа градинка е целосно финансирана со средства на општината, а опремата е набавена со помош на министерството за труд и социјална политика.
Претходно, го проширивме капацитетот на градинките „Морковче“ во Јурумлери и „Калинка“ во Железара.
Почитувани,
Влогот во раниот детски развој е клучен за напредокот на секое дете. Затоа посветено работиме и го правиме најдоброто за нашите сограѓани.