fbpx

Премиерот Заев го прекина одморот и излезе на терен против пожарите

Facebook
Twitter
LinkedIn

Премиерот Зоран Заев го прекина летниот одмор и го посети беровското село Будинарци кое се справува со пожар. На терен заедно со него беа министерката за одбрана Радмила Шекеринска, министерот за здравство Венко Филипче и директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов.

Премиерот преку социјалните мрежи им се обрати на граѓаните со порака да не подметнуваат пожари и да ги чуваат шумите.

„Беровско Будинарци е уште едно од македонските населени места кои се исправија пред огнот и заедно со пожарникарите, со своите мештани и со солидарната помош се борат за безбедност и за спас на околината. Шумите лесно се палат, а тешко се гасат, затоа порачувам да внимаваме сите, да ја ставиме безбедноста на прво место и да ги спречиме сите ризици кои може да предизвикаат пожар“ – напиша Заев на неговата официјална фејсбук-страница.

Во период кога државата е зафатена со пожари, се покажа дека нашата држава има изградено сериозни пријателства со други држави кои несебично се вклучија во справувањето со огновите.

„Во овие денови на регионална солидарност, уште еднаш упатуваме огромна благодарност за помошта која е веќе на терен, а пристигна од Србија, од Словенија и од Австрија, како и за двата авиони кои пристигнаа од Романија“ – наведе премиерот додавајќи дека ситуацијата се следи будно во постојана ангажираност и координација се сите капацитети на државата, со што заедно со граѓаните и со пријателската помош ќе се справиме со оваа опасност.

И други министри од Владата останаа на работните места со цел да помогнат и да координираат во акциите за справување со пожарите. Нивното несебично залагање придонесе голем дел од пожарите да се изгаснат или да бидат ставени под контрола.

Последни вести