Премиерот Зоран Заев упати благодарност до сите кои учествуваат во гаснењето на пожарите.
Тој потенцираше дека е најважно што луѓето и нивните имоти се заштитени, а шумите ќе се обноват во најбрз временски период.
„Солидарноста, системското функционирање, хиерархиската поставеност, во координација со меѓународните сили, го дадоа резултатот за да се локализираат и изгасат пожарите. Заслужни за тоа се армиските хеликоптери, заедно со нашите херои – пожарникарите, полицијата, армијата, шумарите и шумските служби, ДЗС, ЦУК, како и помошта од Австрија, Словенија, Романија, Бугарија и Србија. Голема е загубата во делот на шумите, но во брзо време ќе ги возобновиме. Важно е дека се заштитени луѓето, куќите, шталите и имотите на граѓаните“, објави на својот фејсбук профил Зaев.