fbpx

Работните места во ТИРЗ за една година се зголемени за 8%

Facebook
Twitter
LinkedIn

Продолжуваме со реализација на мерки и политики што носат нови инвестиции, нови работни места и повисок животен стандард за сите.

Економската активност во Технолошко-индустриските развојни зони е во постојан пораст, анализите на ТИРЗ покажуваат пораст на бројот на вработени и зголемен извоз од зоните.

„Бројот на работните места во ТИРЗ е зголемен за 8% за една година, споредено јули 2021 во однос на истиот месец 2020 година. Во моментот во зоните работат 14.420 наши сограѓани, а се очекува ваквиот тренд да продолжи во наредните месеци, бидејќи во дел од компаниите се спроведуваат процедури за отворање нови работни места, а според договорите постојните инвеститори имаат обврска да отворат дополнителни 7000 нови работни места“, објави на својот фејсбук профил премиерот Заев.

Тој потенцираше дека редовната месечна нанализа на ТИРЗ бележи позитивен тренд и во однос на извозот. Во првите седум месеци од 2021 во зоните вкупниот извоз достигна 1 милијарда и 700 илјади евра, што е за 56% повеќе во однос на истиот перид лани, односно над 9% во однос на 2019 и речиси 30% повеќе од 2018 година. Само во јули извозот е 225 милиони евра. Според податоците компаниите активни во зоните учествуваат со над 45% во вкупниот извоз на државата.

Овие позитивни бројки се резултат на новиот концепт на привлекување инвестиции на ТИРЗ и Владата кој се темели на анализа на 10 годишни инвестициски планови врз основа на кои се проценува капацитетот ма компанијата и инвестицијата, и се подготвува индивидуализиран пакет за учество на државата.

Последни вести