Владата предводена од СДСМ во континуитет покажува грижа за земјоделците и сточарите. Само во текот на август се исплатени бројни субвенции, во тек се и мерки за стимулирање на младите да отворат свој бизнис во овој сектор, а нема да бидат заборавени ниту оние кои што претрпеа штети од пожарите. Јакнењето и повеќестраната поддршка на домашното земјоделско производство е клучен дел од нашата економска политика која цели кон одржлив развој и модернизација.
Само во изминатава недела Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој исплати над 617 милиони денари субвенции на фармерите кои имаат обележани грла говеда, кози, како и за сите фармери кои задржале женско јагне.
Исто така со оваа исплата префрлени се и средства за 206 тутунопроизводители во износ од 11.4 милиони денари, а во наредните денови следи исплатата на субвенциите за засеани површини со сертифициран семенски материјал, како и исплата на субвенции и за пчеларство.
Покрај редовните субвенции, СДСМ се грижи и за поттикнување на младите кои се вклучени или имаат намера да станат дел во овој сектор.
До 29 август може да аплицираат за финансиска поддршка преку мерката позната како „Млад земјоделец“, која е наменета за сите регистрирани индивидуални земјоделци, кои имаат до 40 години и кои може да добијат до 10 илјади евра за инвестиции или отворање на сопствен агро-бизнис. Исто така, на почетокот на месецов, ресорното министерство објави четири јавни повици за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост до 3 хектари, како дополнителен стимул за развој на оваа дејност.