fbpx

Не престанува помошта за погодените сектори од пандемијата

Facebook
Twitter
LinkedIn

Заштитата на јавното здравје и натаму мора да има приоритет врз сите други прашања. Поддршката за најпогодените гранки на стопанството и најранливите категории граѓани продолжува и во иднина. Од самиот почеток на пандемијата Владата низ неколку пакет мерки успеа да ја одржи стабилна економската ситуација.

Угостителските субјекти, кои насекаде низ светот се на удар поради рестриктивните мерки, и натаму ќе добиваат финансиска помош за да опстанат и да ги зачуваат работните места. Токму затоа, како што и досега беа поддржани најпогодените гранки на стопанството и најранливите категории граѓани, така ќе се продолжи и во иднина, е планот на Владата.

Драстично намалените бројки на новозаразени на почетокот на летото дозволија олабавување на мерките, но рапидното ширење на новиот сој на коронавирусот укажува дека паралелно со масовната имунизација, мора да се применат и останатите мерки, кои за жал, значат ограничување или целосно запирање на работата на дел од стопанските субјекти. Но, сето тоа, како и претходно ќе се надомести со државна помош, а со крајна цел да се спасат што поголем број човечки животи.

Последни вести