Реакција на изнесени ставови на Христијан Мицкоски
Лажна информација и пуста желба на Христијан Мицкоски се тврдењата дека се размислува за одложување на локалните избори.
Очигледно дека Мицкоски до толку е збунет што не знае дека изборите се веќе распишани со закажан датум 17 октомври 2021 година.
Можеби Мицкоски посакува одлагање на изборите за да избегне нов пораз по ред, но таа желба нема да му се исполни.
Граѓаните очекуваат одговорна локална власт, ефикасни општини во служба на граѓаните и политики за успешни општини и задоволни граѓани. Тоа Мицкоски не може да го понуди, тоа го нуди СДСМ и нашата коалиција.
Клучните политички барања за локалните избори на опозицијата се исполнети и овој пат Мицкоски повеќе нема да има изговор за изборниот пораз и лошата кадровска понуда.
И самиот Мицкоски знае дека никој не верува во неговата кадровска понуда и самиот знае дека граѓаните одамна го препознаваат неговото лицемерие и дека одново ќе го казнат за неговите лажни вести, блокади и деструкции.
На 17 октомври граѓаните ќе застанат зад концептот на СДСМ кој води напред, концептот кој го носи најдоброто за секоја општина.
На ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски им следува нов изборен пораз.