fbpx

Честитка на генералниот секретар Николовски за празникот Успение на Пресвета Богородица: Денеска и секој ден да ги празнуваме добрината, радоста и меѓусебното почитување

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски по повод еден од најголемите христијански празници Успение на Пресвета Богородица, до сите верници од православна вероисповест упати честитка со желби за добро здравје, среќа, меѓусебно разбирање и почитување.

„На сите христијански верници им го честитам овој голем празник, Успение на Пресвета Богородица, празникот на љубовта, радоста и добрината, со кој го празнуваме почитувањето, разбирањето, толеранцијата и сакањето на блиските.

Постојано, а особено сега во време на пандемија, треба да ги следиме овие универзални човечки вредности, да ја покажеме солидарноста на дело и да го заштитиме своето здравје и здравјето на другите.

Нека е честит и вековит големиот празник Успение на Пресвета Богородица“, се наведува во честитката на Генералниот секретар на СДСМ Љубчо Николовски.

Последни вести