Соопштение за јавност – реакција на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ
ВМРО-ДПМНЕ продолжува со своите манипулации, невистини и деструкции на штета на наставниот процес, образовниот систем е целосно подготвен за работа и од здравствен и од едукативен аспект.
Училиштата ги имаат сите ресурси за започнување на наставата со физичко присуство, според протоколите.
Како што информира Министерството за образование, училниците се полни со нагледни и дидактички средства, интерактивни табли потребни за реформските процеси, во тек е опремување на 265 кабинети во училиштата во цела држава, за постигнување на максимален ефект од наставата.
Се е подготвено и за почеток на новата концепција, наставниците се обучени, училиштата се снабдени со потребните материјали, предвидени со новите наставни програми за прво и четврто одделение.
Со новата Концепција за основно образование, се обезбедува поинаков пристап во учењето и стекнувањето на знаењето, а часовите ќе бидат интерактивни и интересни за учениците.
Сите вложени напори во изминатиот период даваат резултати, само ВМРО-ДПМНЕ, кое зад себе остави хаос во образованието, продолжува да се противи на се што носи развој и напредок, тера со опструкции и лаги.
ВМРО-ДПМНЕ систематски го уништуваше образованието, ги малтретираше учениците, ги манипулираше и дискриминираше наставниците, со своите експерименти го спушти кавлитетот на образованието на дно, а сега како опозиција ги кочи законите кои носат можност за покачување на платиите на наставниците.
Граѓаните тоа одамна го знаат, затоа и ја ускратуваат довербата на опозицијата, затоа ВМРО-ДПМНЕ е пред нов, седми изборен пораз.