Соопштение за јавност
Додека СДСМ постојано апелира до граѓаните да се пријават за вакцинација и води кампања која ја подигнува свеста за потребата од вакцинација, за да успееме заеднички да ја победиме пандемијата, Христијан Мицкоски не повикува и не ги охрабрува граѓаните да се вакцинираат.
Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ од првиот ден на пандемијата се однесуваат неодговорно и опасно по јавното здравје, со намера да му наштетат на здравствениот систем и здравствените работници.
Денес кога масовната имунизација е во полн ек, тие поддржуваат антиваксерски протести на кои се загрозува јавното здравје, наместо да повикаат граѓаните да се вакцинираат.
Доказ дека Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ немаат намера барем еднаш да покажат одговорност е фактот дека наместо да повикаат на вакцинација, правеа евалуација на кампањата за вакцинација.
На оваа деструктивна партија очигледно не и е јасно дека оваа борба против коронавирусот бара одговорност и посветеност од секој поединец од секоја група на граѓани и токму затоа граѓаните ќе го казнат ова антиваксерско однесување на претстојните локални избори.