fbpx

ТИРЗ е лидер на Балканот за 2021 година – позитивната бизнис клима ја потврдија меѓународни институции

Facebook
Twitter
LinkedIn

Како резултат на новиот концепт на привлекување инвестиции на Дирекцијата за технолошко-индустриски развојони зони и Владата, од почетокот на годинава во ТИРЗ се склучени договори со вкупен обем на инвестиции од над 120 милиони евра. Овие договори во наредниот период треба да донесат 1970 нови работни места и над две милијарди приходи.

Токму овие показатели на ТИРЗ, му го донесоа признанието „Лидер на Балканот за 2021 година“, што го доделува британскиот магазин и портал CFI.co (Capital Finance International), со седиште во Лондон, кој е специјализиран за економски анализи и коментари за финансиските пазари низ целиот свет.

„Судискиот панел на CFI.co ја нотира позитивната бизнис клима во земјата и ја препознава улогата и придонесот на ТИРЗ, за што и се доделува наградата. Како клучни фактори за одлуката се наведени новиот концепт на ТИРЗ кој меѓу другото вклучува индивидуализирани пакети базирани на анализа на 10 годишни финансиски проекции и новиот систем за грижа на корисници кој е усогласен со меѓународните практики“, пишува во соопштението.

Само новите компании кои инвестираат во ТИРЗ треба да уплатат над 70 милиони евра за придонеси и данок на добивка, а во моментов се преговара со 30 компании за вкупен обем на инвестиции над 400 милиони евра.

Последни вести