fbpx

Продолжува градежната офанзива – како на автопатот Кичево-Охрид, така и на локалните патишта ширум земјата

Facebook
Twitter
LinkedIn

Силно сме посветени на завршување на автопатот Кичево-Охрид и уверувам дека државата ќе ги исполни сите обврски од договорот, порача министерот за транспорт и врски Благој Бочварски. Тој очекува силна градежна активност на автопатот и додаде дека од 70-те нови репроектирања, за само два месеци државата изготви и одобри 35 проекти.

„Со Анексот на договорот не се предвидени дополнителни финансиски средства, додека изведувачот има обврска со конкретни рокови да ги заврши петте делници од автопатот, односно да биде целосно завршен до декември 2023 година“, изјави Бочварски.

Во меѓувреме интензивно се работи и на проектот за поврзување со локалните патишта, кој Владата го реализира со вкупна вредност од 70 милиони евра, а притоа министерот за транспорт и врски изврши увид во реконструкцијата на улиците во општина Штип.

„Очекувам од денеска натаму силни градежни работи и во најбрз можен рок завршување со реконструкција на улиците. Од тука, сакам да најавам дека во следната фаза, исто така преку Министерството за транспорт и врски, ќе се реконструираат уште три улици и тоа улицата 5-та Бригада, улицата Браќа Даневи и улицата Солидарност, со вкупна инвестиција од 33 милиони денари, за што веќе обезбедивме средства“, изјави Бочварски.

Последни вести