fbpx

За само четири години се изградени и реновирани 60 градинки

Facebook
Twitter
LinkedIn

Предучилишното образование е важна алка во процесот на развојот на децата, па затоа изминативе четири години изградени или реновирани се вкупно 60 градинки, изјави министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска при пуштањето во употреба на реновираната градинка во Пехчево, со средства од блок дотациите во износ од 1.7 милиони денари.

„Во градинката реновирани се две занимални, комплетно опремени со нови шкафчиња, маси и столчиња. Реконструирана е оградата на дворот, обновени се бетонските патеки по кои ќе се движат дечињата во градинката, а најмалите ќе си играат на новопоставените меки подлоги и тоа со реквизити кои овозможуваат правилен раст и развој“, изјави Шахпаска.

СДСМ истакна дека изминатите четири години покажале што значи вистинска грижа за сите граѓани, за подобрување на животниот стандард, а пред се грижата за најмалите.

„Изградивме и реновиравме 60 детски градинки во урбаните, но и во руралните средини, со што значително се зголеми опфатот на децата во предучилишното воспитание и образование. Наспроти тоа ВМРО-ДПМНЕ во текот на своето режимско владеење ги остави предучилишните установи на забот на времето“.

Последни вести