fbpx

Кампања на Владата за борба против корупција – мора да застанеме на патот на сите кои го корумпираат општеството

Facebook
Twitter
LinkedIn

Не постои ситна или голема корупција, ниту пак различен пристап меѓу големата и малата корупција. Пристапот е единствен, на корупцијата мора да и ставиме крај без разлика од каде доаѓа и кој се нејзините димензии. Мора да им се застане на патот на сите кои го корупираат општеството, а тоа го можеме само заедно“, истакна премиерот Зоран Заев на презентирањето на кампањата „Сега се е јавно, корупцијата не се исплати“.

Оваа широка комуникациска кампања ќе ја информира јавноста за како да се распознава и пријавува корупцијата. Во рамките на кампањата изработени се три видео спота во кои се претставени случаи на корупција и заштитните мерки, а за полесно распознавање и борба со корупцијата ќе биде креирана и посебна веб страница.

Со оваа кампања ќе се подигна свеста на граѓаните за препознавање на корупцијата и нивно охрабрување истата да ја пријавуваат. Како што истакнаа од Владата, ова е борба во која секој поединец е важен и чии резултати зависат од сите нас.

Последни вести