fbpx

По дваесет години Северна Македонија спроведува попис на населението и домаќинствата

Facebook
Twitter
LinkedIn

Успешно започна попишувањето на населението и домаќинствата во Северна Македонија. Директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски, соопшти дека на стартот на пописот нема информации за одбивање за попишување од страна на граѓаните или за каков било технички проблем.

„После 20 години го дочекавме денот да започнеме со најважаната статистичка операција во државата – Пописот на населението, домаќинствата и становите. Посакувам оваа операција да ја завршиме успешно во интерес на сите. Да се приберат доволен фонд на информации за сите граѓани, за станбениот фонд и сите податоци што се важни за државата. Пописот не служи на ниту една политичка партија, ниту на поединци, служи на оние кои треба да го градат развојот на државата“, изјави Симовски

Тој додаде дека таму каде што граѓаните ќе инсистираат да бидат попишани од вакциниран попишувач, тоа ќе им биде овозможено.

„Со бојкотирањето на пописот граѓаните прават штета на самите себе.Ова се податоци за вас и за вашите идни поколенија. Следните 10 години кој било да е во државата треба да гради политики за развој врз основа на овие податоци“, порача Симовски.
Пописот ќе трае до 30 септември, а според ДЗС добиените податоци најверојатно ќе бидат објавени најдоцна до јануари 2022 година.

Последни вести