fbpx

За првпат по 1974 година правосудството добива нов Закон за конфискација на имот

Facebook
Twitter
LinkedIn

Актуелни и бивши функционери 30 години велеа дека е потребен договор за конфискацијата на имотот, но мило ми е што ние сме нова генерација на политичари без никави дамки и дилеми и сме дел од новото законско решение, рече во гостувањето на ТВ21, вицепремиерот за борба против корупцијата, Љупчо Николовски

„За првпат по 1974 ќе донесеме законска рамка да има Закон за потекло на имот за никој да не се богати на грбот на граѓаните и ги ослободуваме сите слабости на институциите при конфискацијата и поделбата на нелегално стекнатиот имот. Досега видовме дека управните постапки за жал се неуспешни, ДКСК на пример досега нема ниту една постапка во која е запленет некаков нелегално стекнат имот“, рече Николовски.

Тој посочи дека овој закон ќе важи за сите граѓани тоа значи и поранешни функционери, односно за сите кои имаат имот или пари во вредност од над 30.000 евра и немаат доказ за неговото потекло ќе се врши проверка, а тоа ќе ги ги демотивира граѓаните на нивно име да се впишува имот на туѓо име, особено на функционери.

„Има луѓе и со пресуди и кривични постаки и по цена да одлежат законска казна потоа да си го вратат нелегално стекнатиот имот. Обвнителите посочија дека бараат итна и граѓанска постапка за да се конфискува имотот, поточно веднаш да се приложи сето она што го располагаат фунционерите, а ова во Италија се нарекува закон на мафијата. Не може да возите кола од 50 илјади евра, да имате пет станови или викендици и да не ви може никој ништо“, заклучи Николовски.

Последни вести