fbpx

Ги слушаме граѓаните, го подобруваме судството – онлајн судења во двесте судници низ државата

Facebook
Twitter
LinkedIn

Почнува имплементацијата на процесот на дигитализација во македонските судови, преку кој над двесте судници ќе бидат опремени со опрема за судење на далечина. До јуни следната година треба да заврши имплементацијата на целиот процес, кога се очекува 34 судови во државата да бидат целосно оспособени за судења без физичко присуство. Вкучително и опремување на судницата во најголемиот затвор Идризово, што ќе значи заштеда и избегнување на бесконечните одлагање на судските процеси. Ова го најави министерот за правда Бојан Маричиќ, кој на оваа тема зборуваше на Осмата глобална конференција на Правниот факултет на универзитетот „Гоце Делчев“.

„Наша цел е побрзо, подобро и посовремено судство, а тоа значи дигитализација на постапките во судствотo, воведување на електронска комуникација помеѓу судовите, другите правосудни институции, но и дигитализација на услугите за граѓаните. Владата неодамна го донесе оперативниот план кој всушност произлегува од активностите на агендата на Европската Комисија „Зелена дигитална транзиција”. Ова значи дека е вистинско време за модернизација на судството и дека сме фатиле чекор со современите текови. Дигитализацијата на судството е еден од важните чекори во реформата на системот, особено во зголемување на ефикасноста и транспарентноста“, рече Маричиќ.

Досегашниот начин на работа ќе потрае најмалку уште една година, додека да заврши сегашната генерација на посетители на Академијата на судии и обвинители.

Последни вести