fbpx

На директна штета на граѓаните и државата, ВМРО-ДПМНЕ си го потврди епитетот „антиваксерска партија“

Facebook
Twitter
LinkedIn

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски по којзнае кој пат повторно се фати во лага. Тој на почетокот на август на својата Фејсбук страница објави дека веќе бил вакциниран, но пред само неколку дена, јавно на телевизија кажа дека се вакцинирал претходниот ден, од причина што бил, како што вели, лимитиран и не можел да оди по кафеани.

Па оттаму се поставува прашањето кога Мицкоски навистина се вакцинирал, на почетокот на август или во вторникот, на 31 август?

Тој не смогна сили да ги осуди срамните и навредливи протести на кои докторите и медицинскиот персонал беа наречени „убијци“, да се огради од нив и да почне да се бори против коронавирусот, кој се победува со вакцинација. Мицкоски досега не излезе пред граѓаните и јасно да ги повика на вакцинација и почитување на мерките, во интерес на нивното сопствено и колективно здравје, што само докажува дека ВМРО-ДПМНЕ за целото времетраење на коронакризата води деструктивна и неодговорна улога во борбата со коронавирусот.

Последни вести