fbpx

Здраво, би сакал да се слушнеме, Мицкоски призна дека вршел притисок во МВР за теретаната

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

 

Христијан Мицкоски денеска самиот призна дека вршел притисок во МВР за случајот со теретана.

Не само што праќал пораки, туку Мицкоски се јавувал на телефон и вршел притисок во внатрешната контрола за неговиот случај.

„Здраво, би сакал да се слушнеме“ е ново признание за обидите на режимската инсталација на старото МВРО-ВМРО. Но тоа време заврши.

Според истото принзание на Мицкоски, притискот е извршен со помош на Наќе Отсјај, што отвора други основи за одговорност.

Јавноста очекува истрагата да заврши и да ги даде одговорите.

Снимките ги виде цела јавност среде најголемата пандемија. Мицкоски си влегува во празна теретана, придружуван од командантот на единицата „Тигар“ и уште еден полициски службеник.

Мицкоски ќе остане запаметен за време на коронакризата дека беше на спротивната страна, дека лажеше и се однесуваше неодговрно и незрело.

 

Последни вести