Обраќање на заменик претседателката на СДСМ, Сања Лукаревска
Почитувани граѓанки и граѓани,
Нека е честит и вековит Денот на независноста-8 септември!
30 години од историскиот референдум во 91-та година кога го поставивме темелот на современата држава, со гордо крената глава може да кажеме: заедно успеавме!
Денес, Република Северна Македонија е меѓународно призната, економски напредна, слободна и демократска држава со своја лична карта во Обединетите Нации.
Полноправна членка на НАТО, пред почеток на преговори со ЕУ, пријател на демократскиот свет.
Економијата е стабилна, парите се враќаат кај граѓаните, платите растат, се гради на сите страни!
После три турбулентни децении, од ,,буре барут’’ станавме фактор на регионална стабилност и почитуван пример за мирно решавање конфликти.
Тоа е заеднички успех на сите наши граѓани!
Низ сите овие години, учевме важни лекции и созревавме како општество.
Научивме дека единствениот правилен пат е патот на демократијата, на слободата, на економскиот развој.
Дека успешната македонска приказна е заедничката приказна на сите луѓе кои живеат овде без разлика на вера и припадност, земја на еднаквост и еднакви можности.
Затоа ,,едно општество за сите’’ не е само фраза, туку е клуч за развој и просперитет на граѓаните и државата. Така треба и да продолжиме.
30 години независност одбележуваме во време во кое нашата истрајност, жилавост, храброст и решителоност не водат до справување и со најсилните предизвици со кои се соочи и целиот свет.
Во нашата заедничка борба за подобро утре, продолжуваме напред, заедно!
Тоа најдобро го знаеме. Нека е за многу години!