На 27 март 2020 година, Република Северна Македонија стана триесетта земја членка на Алијансата, а тие подготвија специјална честитка за Денот на независноста на нашата држава.
По тој повод, на официјалниот Твитер профил на НАТО, објавија видео во коешто е претставена нашата Специјална единица „Волци“.
– Придружете ни се во прославата на Денот на независноста на нашиот нов сојузник Република Северна Македонија. Запознајте ја Специјалната елитна единица која се нарекува „Волци“, стои во описот на видеото.