fbpx

Светските лидери го честитаа Денот на независноста: Направивте многу, се зачленивте во НАТО, на ред е ЕУ

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn

Со гордост ве поздравивме како 30-ти сојузник на НАТО и со нетрпение очекуваме да ве видиме и во ЕУ. САД остануваат непоколебливи поддржувачи на Северна Македонија, порача американскиот претседател Џо Бајден во честитката по повод Денот на независноста.

„Како што Вашата земја продолжува да напредува – зголемување на просперитетот за сите Ваши граѓани, подобрување на владеењето на правото, зајакнување на Вашите демократски институции – САД остануваат Ваши силни и непоколебливи поддржувачи. Со нетрпение очекуваме да соработуваме со Северна Македонија на патот на спроведувањето на реформите што ќе ја обезбедат европската иднина на Вашата земја, вклучително и пристапувањето во Европската Унија“ пишува Бајден во честитката.

Покрај американскиот претседател, Денот на независноста го честиташе и неговиот француски колега, Емануел Макрон кој истакна дека е воодушевен за патот кој државата го помина по потпишувањето на Охридскиот рамковен договор пред дваесет години, а за успехот на земјата за помирувањето сведочи и Преспанскиот договор.

„Франција и Европската Унија остануваат на ваша страна за стабилноста и за просперитетот на Северна Македонија и на Западниот Балкан. Ние ги поддржуваме сите иницијативи кои се во таа насока. Франција е решена дека преговорите за членство треба да почнат следните месеци и ќе продолжи да спроведува напори за да се изнајде решение за билатералните спорови“ порача Макрон.

Покрај светските, но и лидерите од регионот, и шаефот на германската дипломатија, Хајко Маас го честиташе Денот на независноста.

„Во текот на тие три децении, вашата земја постигна големи достигнувања: Охридскиот рамковен договор ја претвори Северна Македонија во мирно мултиетничко општество, Со Преспанскиот договор поставивте модел за помирување за Вашиот регион и надвор од него, Врз основа на овој пробив, Вашата земја се приклучи кон НАТО и го започна својот пат кон европската интеграција, И во 2023 година, ќе преземете понатамошна меѓународна одговорност со претседавањето со ОБСЕ“ заклучи Маас.