fbpx

Заев на ТВ Стар: Да погледнеме во новата реалност и да го обезбедиме новото нормално со одлука на граѓаните за стабилност на државата

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

 

 

 

 

 

Заев на ТВ Стар: Да погледнеме во новата реалност и да го обезбедиме новото нормално со одлука на граѓаните за стабилност на државата  
 
Дајте да погледнеме во новата реалност и да работиме да го обезбедиме новото нормално. Сите прифативме да има избори, поднесовме кандидатски листи, имаше и влечење на редни броеви, ние сме број три, не знам кој број се ВМРО ДПМНЕ. Препораките на СЗО се јасни, избори кога е најбездно е пред летото. Да им дадеме на граѓаните да одлучат за државата да биде стабилна, со сигурни институции, со трансформирана економија, за да може со полн капацитет  да се справи со сите проблеми што се пред нас.  – изјави лидерот на СДСМ, Зоран Заев на ТВ Стар.
 
Заев укажа на препораките на Светската здравствена организација дека летниот период е времето кога сите држави треба да се мобилизираат и да се подготват за новиот бран корона вирус. Тоа подразбира дека изборите ни се неопходни за да може да се формира политичка, легитимна влада која до есен ќе ги направи сите неопходни поготовки за новиот бран.  
 
-Најкредибилен е извештајот на СЗО каде препорачуваат дека летниот период е добар да се искористи за спремање за наесен, за вториот бран, да се спремат болници, да се подобрат условите за лекување. Со намалување на темепратурите вирусот пак ќе биде тука. Ако имаме избори крајот на август ние ќе влеземе во жижата, сосема спротивно од препораките на СЗО. Дури 18 држави закажаа избори во текот на јуни. Ако оставиме цело лето да помине со олабавени мерки, тогаш на крајот на летото ќе имаме нови случаи, многумина кои ќе патуваат може да го зголемат ризикот за вирусот дома. Ќе почнат рестораните, спортските натпревари, градинките, училиштата и сето тоа е ризик за ширење на вирусот. Сите аргументи од здравствен аспект го говорат тоа. На крајот на денот останува стравот на ВМРО-ДПМНЕ.- констатираше Заев. 
Последни вести