fbpx

Договор е можен додека трае вонредната состојба, без договор, по сила на закон изборите треба да бидат на 21 јуни

Facebook
Twitter
LinkedIn

Одговор на новинарско прашање, Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ

 

 

П: Дали има некакви контакти или неформални разговори со власта за избори, кога би била наредната лидерска средба, дали за СДСМ би бил прифатлив датум во јули, особено што има многу нови заболени овие денови?

СДСМ е одговорна партија, ние сакавме компромис и затоа и учествуваме на лидерските средби. Но, ако ВМРО-ДПМНЕ не сака договор, ние нема нема да дозволиме штета на државата и граѓаните. Договор за одржување на Предвремените Параламентарни избори е можен се додека трае вонредната состојба. Понатаму стапува на сила законот кои вели дека изборите треба да се одржат на 21 јуни. Ние мора да водиме грижа за сите аспекти, грижа за државата, за здравјето на граѓаните и секако да се обезбедат функционални институции. Не смееме да дозволиме да се нанесе штета на државата, штета на граѓаните и никако не смееме да дозволиме земјата да ја воведеме во уставна криза.

Последни вести