Соопштение за јавност
11 години беше устоличуван систем на криминал и корупција, тоа беше една од причините на падне Владата на ВМРО-ДПМНЕ, денеска секој е еднаков пред законите, денеска нема некој кој е поштеден заради тоа што е близок со власта, денеска секој одговора, а при тоа пресумпцијата на невиност е гарантирана, порача претседателот Зоран Заев во ТВ дуелот со Христијан Мицкоски на Канал 5 телевизија.
„Точно е дека ВМРО–ДПМНЕ воспостави корупција во државата и денеска тоа го гледаме низ завршници на судски постапки, како Сашо Мијалков, Зоран Кичеец, како Гордана Јанкуловска, како сите тие луѓе што беа од ВМРО–ДПМНЕ со правосилни судски пресуди. За разлика од нив ние поставуваме комплетно анти корупциска стратегија и се бориме отворено, ја вградуваме нашите изборни програми и на локално ниво ќе ја има, дополнително затоа што мора да ја подигнеме свеста и мора да се избориме против тоа зло, не е лесно треба време, но дефинитивно е нешто во кое што и тоа како се разликуваме од ВМРО–ДПМНЕ.Денеска имаме јасно воспоставена независност на правосудтсвото во државата. Во времето на ВМРО-ДПМНЕ немаше разрешено судии, имаше судии поставени по тефтерчето, денес, разрешени се 16 судии од страна на независен судски совет, денес се гонат тие кои не делат правда. Денес се гонат сите за кои има допрен глас, за кои има докази без разлика дали некој бил близок со еден или со друг. Денес има јасна антикорупциска политика во државата“ заклучи Заев.