СДСМ бележи предност од 2 проценти во пресрет на локалните избори пред опозициската ВМРО ДПМНЕ, според анкетата која ја направила „Брима галуп” за „Слободен Печат”. Оваа анкета, спроведена во период од месец и половина пред локалните избори, потврдува дека политиките на Владата, но и на градоначалниците на оваа партија, се успешни и препознаени од граѓаните. Со ваквата определба на гласачите се потврдува европскиот курс на државата.
Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, со 11,8 проценти убедливо води пред лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски кој има само 7 проценти. Ова е уште едно истражување во низата во кои Мицковски заостанува зад Заев. Меѓу етничките албански политичари трката ја добиваат претседателите на владејачките партии. Лидерот на ДУИ, Али Ахмети со 5,9 проценти и Биљал Касами со 4,4 проценти се во водство, а двајцата се коалициски партнери на СДСМ во власта, што е уште една потврда за позитивните резултати од владеењето на Владата на СДСМ. Опозиционерот Зијадин Села има 4,1 проценти поддршка, додека Африм Гаши е со 0,4 проценти.
Граѓаните даваат поголема поддршка на владејачката СДСМ за разлика од опозициската ВМРО-ДПМНЕ. На прашањето доколку денеска се одржат парламентарни избори за СДСМ би изјасниле 19,5% од испитаниците, а за ВМРО-ДПМНЕ 17,5%. За ДУИ се определиле 7,2%, а за Алијанса за Албанците 6%. Од анкетираните, за Движењето БЕСА се определиле 4,7%, колку и за Левица (4,7%), а последна со рејтинг од над 1% е ДПА за која би гласале 1,1% од анкетираните. Сите други партии се под 1% поддршка меѓу интервјуираните гласачи во ова истражување.
На прашањето за кого анкетираните граѓани би гласале за градоначалник на својата општина на претстојните локални избори. Од нив 19,8% би гласале за кандидат на СДСМ, 17,7% за кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, 7,5% за ДУИ, 5,6% за Алијансата на Албанците, 4,6% за Движењето БЕСА, 3,3% за Левица итн.
Теренското истражување, спроведено во периодот од 27 август до 9 септември годинава на национално репрезентативен примерок (анкетата е направена според методот лице-в-лице, во домот на испитаникот), со запазување на сите демографски карактеристики на полнолетната популација во државата, во која се опфатени 1.201 испитаници. Резултатите се со маргина на грешка од +/- 2,8%.