Вознемиреноста, безидејноста и ароганцијата на Христијан Мицкоски испливаа на виделина за време на телевизискиот дуел помеѓу Мицковски и премиерот Зоран Заев. Од друга страна, премиерот настапи одговорно, со почит спрема политичкиот противник, давајќи изјави поткрепени со факти и наклонувајќи се кон граѓаните.
Атмосферата беше подгреана по анкетата на „Брима“ која беше објавена утрото пред дуелот, според која уште еднаш се потврди дека граѓаните имаат доверба во Владата и во политиките на СДСМ и Заев. Обидувајќи се да се извлече од оваа ситуација, Мицковски со лажни вести се обиде да се извлече, меѓутоа тие беа веднаш пресретнати од Заев, со што уште повеќе се зголеми вознемиреноста кај Мицковски, на кого му се заканува седмиот изборен пораз.
Премиерот Заев на вознемиреноста на Мицкоски одговори со емпатија и одмерени изјави, покажувајќи почит кон политичкиот противник. Заев му подаде рака на Мицкоски за фер и демократски избори, но и соработка за доброто на граѓаните и подобра иднина за сите.
Тој се фокусираше на позитивни елементи од владеењето на СДСМ и најави дека владејачката коалиција ќе продолжи со исто темпо да се залага за сите граѓани и да го подобрува нивниот живот.
„Горд сум и среќен што во мојот мандат Северна Македонија стана членка на НАТО. Ја исполнивме стратешката цел што значи стабилност, безбедност, сигурност и економија. Државата се сака кога ќе се израдувате на нејзините успеси“ кажа премиерот Зоран Заев во дуелот со лидерот на опозицијата Христијан Мицковски на Канал 5.
Лидерот на СДСМ исто така упати и порака до гласачите дека тие одлучуваат за тоа на каков пат ќе се движи нашата татковина и дека со визијата и проектите на кандидатите на СДСМ ќе се унапреди животот на граѓаните и во наредните четири години.