fbpx

Здравјето на граѓаните пред се, Владата потпиша конвенцијата за борба против фалсификувани лекови

Facebook
Twitter
LinkedIn

Северна Македонија ја потпиша Конвенцијата на Советот на Европа за борба против фалсификување на медицински производи и слични кривични дела кои претставуваат закана за здравјето на граѓаните. Министерот за правда, Бојан Маричиќ во Стразбур го стави потписот на оваа Конвенција со која се потврдува подготвеноста на Владата да ги вгради највисоките стандарди во домашното законодавство со цел заштита на здравјето на граѓаните.

Оваа Конвенција е ефикасен правен инструмент за размена на информации меѓу договорните страни и обезбедува поддршка и асистенција на релевантните власти на национално и меѓународно ниво во спречување на кривичните дела што се закана по јавното здравје.

Министерот Маричиќ во Франција исто така го потпиша и Прокотолот 16 кон Конвенцијата за заштита на човековите права и основни слободи, со кој се уредува можноста највисоките судови во државата да побараат од Европскиот суд за човекови права да дава мислења за прашања во врска со толкувањето или примената на дефинираните права и слободи од Конвенцијата.

Последни вести