fbpx

Државата подготвена за локалните избори – пристигна серверот за „фингерпринт“ терминалите

Facebook
Twitter
LinkedIn

Серверот за „фингерпринт“ терминалите кои ќе бидат користени за идентификација на гласачите на престојните локални избори, пристигна една недела пред планираното. Во наредниот период ќе се види дали серверот ќе функционира, како ќе полни и колку брзо ќе оди процесот.

Доколку серверот покаже дека добро работи, од Државната изборна комисија најавија дека ќе се подготват за едукација на претседателите на избирачките одбори и за замениците на претседателите на избирачките одобри.

Постојано пристигнува целата опрема за локалните избори и во текот на следните две недели се очекува да пристигнат скоро сите нарачани терминали. Ова ќе бидат први избори во земјава на кои идентификацијата на гласачите ќе се извршува со терминали за отпечаток од прст, со кои ќе се зголеми безбедноста и веродостојноста на изборите.

Последни вести