fbpx

Заменик премиерот Љупчо Николовски во работна посета на Брисел

Facebook
Twitter
LinkedIn

Во рамки на работната посета на Брисел Заменик премиерот, Љупчо Николовски оствари серија средби кои уште еднаш ги потврдија заложбите на Владата за ефикасно остварување на стратешкиот приоритет за полноправно членство на Северна Македонија во ЕУ.

„Добивме голема поддршка од генералниот директор на Европската комисија за борба против измама – OLAF, Вили Итала за досегашните преземени мерки и идните политики за борба против корупција, но и отворена можност Северна Македонија во 2022 година да аплицира да биде дел од најновата Заедничка Програма на Европската Унија за борба против измами (2021-2027), која за овој период има буџет од околу 181 милиони евра. Поддршката и соработката со канцеларијата на OLAF за нас како земја кандидат за членство во ЕУ е од особена важност за ефикасно исполнување на препораките во делот на политиките и мерките за борба против организираниот криминал и корупција“, потенцираше Николовски.

Последни вести