Во чест на полноправното членство во НАТО Алијансата, во холот во Пентагон, заедно со државните знамиња на останатите 29 членки, беше поставено македонското знаме.
Церемонијата беше изведена од Лора Купер, помошник секретар за одбрана на САД и министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, која е во работна посета на Вашингтон.
„Кратка но емотивна церемонија, која не’ направи сите горди“, објави на својот фејсбук профил, Шекеринска.