fbpx

Mодерна дигитализирана железница ќе не поврзе со Западен Балкан, сигурен транспорт за граѓаните

Facebook
Twitter
LinkedIn

Со изградба на модерна дигитализирана железничка мрежа со директни експресни возови ќе се оствари подобра поврзаност, сигурен транспорт за деловни и приватни патувања на Западен Балкан и одржлива животна средина.

Ова беше потенцирано како основен приоритет во документот потпишан во Белград за време на Самитот одржан во Белград.

„Кога зборуваме за железничкиот и патен транспорт, тој не завршува на нашите граници, тој продолжува и затоа мораме заедно да работиме со цел да ги подобриме услугите, кавалитетот, безбедноста и заштитата на животната средина и токму тоа е еден од најзначајните принципи зошто сме денес овде и зошто oстанатите земји работиме на подобрување на овој сегмент на транспортот. Мораме да продолжиме да работиме со уште посилно темпо и динамика на Коридорот 10 и Коридорот 8. За овој коридор очекувам дека на почетокот на 2022 ќе имаме градежни зафати, ќе имаме избрано изведувач кој ќе започне со изработка на проект во износ од 200 милиони евра, кој ќе значи развој на овој Источен крак од Коридорот 8, а тоа е Паневропскиот коридор и секако во продолжение на третата фаза кон границата на Бугарија“ изјави министерот за транспорт и врски Благој Бочварски.

На Самитот беше кажано дека Европската инвестициона банка и Европската банка за обнова и развој ќе ја поддржат имплементацијата на Економско-инвестицискиот план и дека ќе дадат помош на локалните партнери за пристап до расположливите фондови. Нандите Паршад, директор во ЕБОР, изјави дека ова е можност која земјите од регионот не смеат да ја пропуштат за инвестиции во своите железници.

Последни вести