Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов објави фотографии од демонтирањето на галијата која е поставена во водите на реката Вардар во центарот на Скопје.
„Првата од трите галии во коритото на Вардар, почна да заминува во историјата. Скопје денес е една поинаква приказна. Галииите во центарот на Скопје беа поставени во реката Вардар од централната и локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ како дел од проектот Скопје 2014“.
Во 2011 година Советот на Град Скопје донесе Одлука за спроведување на постапка за доделување на правото на поставување урбана опрема за вршење угостителска дејност на Кејот на реката Вардар со која беа предвидени условите за давање на право на угостителите да ги постават овие објекти во времетраење од 30 години, за што треба да плаќаат надомест на Градот Скопје.
Се понервозни се во ВМРО-ДПМНЕ како што наближуваат изборите. Знаат дека се се поблиску до нов изборен пораз па затоа секојдневно ги засилуваат лажните вести. ВМРО-ДПМНЕ го запусти Скопје трошејќи стотици милиони евра на барок, гипс фасади, галии, споменици и палми додека цели населби беа без основни услови за живот.
Денес во Град Скопје се инвестира рамномерно, се следат и реализираат потребите и барањата на граѓаните. Затоа, Петре Шилегов и Коалицијата „Најдоброто за вашата општина“ сме убедливи фаворити и извесни победници на локалните избори.