fbpx

ВМРО-ДПМНЕ нека каже какво здравство ќе имавме за 600 милиони евра потрошени на Скопје 2014

Facebook
Twitter
LinkedIn

Модуларните болници не се направени од пластика и стиропор како Скопје 2014 кое граѓаните ги чинеше над 600 милиони евра. ВМРО-ДПМНЕ треба да се засрами кога бара одговорност, морал и етика, треба да се засрами кога ќе ги погледне во очи неговите колеги лекари и здравствениот персонал кога зборува за градби. Или, тој треба да каже што се ќе се направеше за здравствениот систем за 600 милиони евра.

70 години една плочка не се смени во Клинички Центар, 11 години ВМРО-ДПМНЕ не помрдна со прст за здравствениот систем, за медицинскиот персонал, пациентите. Претставниците на опозицијата наместо празни флоскули и лаги нека одржат една прес конференција и нека соопштат што се’ ќе добиеше здравството и пациентите за 600 милиони евра.

Наместо лажни вести и дезинформации ВМРО-ДПМНЕ да остават истрагата да ги даде сите одговори.

Последни вести