fbpx

Очајнички чекори на ВМРО-ДПМНЕ пред извесниот пораз што им следува во Град Скопје и Карпош

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Соочено со извесниот пораз што им претстои како во Град Скопје така и во Карпош, безидејното ВМРО-ДПМНЕ презема очајнички потези со цел да го ублажи поразот колку што може.

Откако со денови ја манипулираа јавноста со лажни вести и конструкции за наводни скандали за реконструкција на водоводна мрежи, денес од ВМРО-ДПМНЕ поднесуваат неосновани кривични пријави како очајнички чекор за ублажување на поразот.

Реконструкцијата на водоводна и канализациска мрежа на улица „Варшавска“ е спроведена согласно законските прописи и градежните стандарди и нормативи, а градежни активности од посочената фирма не се започнати без претходно склучен посебен договор.

Но тоа сепак не го спречува ВМРО-ДПМНЕ да објавува фабрикувани, нецелосни и непотпишани документи кои не се однесуваат на предметната јавна набавка.

Конструкции, лажни вести и дезинформации се сè што нуди ВМРО-ДПМНЕ. Со таква понуда можат да очекуваат единствено на пораз како во Град Скопје така и во најголем дел од општините.

Последни вести